Во јуни наредната година во Охрид ќе биде потпишана платформата за делување за Регионалната парламентарна зелена лоби група, на што заеднички работат невладините организации „4џ4“ во Македонија, Албанија, Бугарија и Србија.
Иницијативата за формирање на парламентарна зелена лоби група ги опфаќа Македонија, Албанија, Бугарија и Србија, а согласност за учество има дадено и Црна Гора. Целта е да се формира заедничка регионална парламентарна зелена лоби група која преку заеднички проекти ќе привлекува средства од европските фондови од областа на заштитата на животната средина, одржлив урбан развој и инфраструктурни проекти за здрава животна средина.
„Постојат огромни европски фондови наменети за оваа проблематика, наше останува да научиме како да дојдеме до нив, и преку поврзување истите да можеме ефикасно да ги искористиме“, изјави за Охриднењс, пратеничката Лилјана Поповска.
Според Душко Христов од невладината организација „4×4“, постојат т.н. жешки еколошки точки во регионот, како што е Охридското, Преспанското Езеро, Сливот на Црн Дрим, кои бараат заеднички ангажман за нивно решевање. „Целта на платформата е нашите пратеници кога ќе лобираат надвор од државата за решавање на некој проблем да настапуваат регионално, односно зелната тема и одржливиоот урбан развој мора да се решава“, рече Христов.
За иницијативата за формирање и поддршка на првата регионална парламентарна зелена лоби група во Охрид викендов разговараат седумдесетина претставници од Македонија и Албанија. Во работата на семинарот партиципираат и 8 пратеници од македонското Собрание и тројца нивни колеги од албанскиот Парламент.
Водостојот на Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,37 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Тој е 3 сантиметри над просекот за се...
Актуелни и релевантни теми од светот на финансиите како развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативни извори на финансирање, анализа на меѓународни...
Во четврток, 24 септември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.