Деновите од пролетта, кога граѓаните ги уредуваат своите дворови повторно актуелен станува проблемот со неадекватното депонирање на зелениот отпад.

Не ретко тој се фрла во контејнерите, со што истите за кратко време се преполнати, а останатите граѓани немаат можност во контејнерите да го депонираат отпадот од домаќинствата. Има и такви кои се одлучуваат зелениот отпад да го остават каде ним им е најзгодно- на несоодветни места, расфрлан околу контејнерите и главните сообраќајници.


– Овој проблем посебно го актуелизираме пред почетокот на туристичката сезона. Повторно ќе истакнеме дека нашата служба “48 часа” им стои на располагање околу депонирањето на ваквиот вид отпад со претходна најава, доволно е само да не исконтактираат на тел.046/265-353, велат од ЈП Комуналец.

OhridNews

.