Македонија и следната сезона во екипите на Вардар и Металург ќе има два свои преставници во групната фаза во Лигата на Шампиони, откако Европската куќа на ракометот (ЕХФ) им даде зелено светло, односно „валјд карта“ на „металурзите“ за настап во најелитното клупско натпреваруање.

Тимот од Автокоманда ги исполни осумте барања кои ЕХФ ги има поставено до секоја екипа која аплицира за „вајлд карта“ и шести пат по ред и осми пат вкупно ќе биде дел од клупска елита.

Покрај екипата на Металург дозвола за настап во ЛШ добија Кил (Германија), Висла Плоцк (Полска), Нант (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Монпелје (Франција), Скјерн (Данска) и Горење Велење (Словенија).

Металург и следната сезона ќе биде во послабо рангираните групи Ц и Д, додека Вардар како бранител на трофејот ќе биде сместен во А или Б како еден од носителите.

Извлекувањето на групите ќе биде на 30 јуни во словенскиот град Љубљана.

OhridNews