Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските системи за ПВО собориле 13 беспилотни летала камикази од иранско производство, кои го таргетираа главниот град Киев претходно истиот ден.

Русија утрово започна со напади со 13 шахиди… сите 13 беа соборени од нашите украински системи за противвоздушна одбрана, рече Зеленски во видео обраќањето на социјалните мрежи, притоа мислејќи на беспилотни летала од иранско производство за кои Москва е обвинета дека ги користи против цели во Украина.

OhridNews