Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата соопшти дека во изминатите два дена украинските сили соборила 23 беспилотни летала, додавајќи дека масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на Украина.

Гранатирањето нема да не скрши. Слушањето на националната химна на непријателот на нашата земја е пострашно од непријателските ракети на нашето небо. Не се плашиме од темнината, рече Зеленски во видео-обраќањето, што овој пат беше снимено на отворено, стоејќи во темнината до остатоци од соборениот дрон.

Британските медиуми потсетуваат дека бо последните две недели Русија истрела десетици проектили и употреби беспилотни летала-камикази кон украинската електрична мрежа, предизвикувајќи големи штети и недостиг на електрична енергија во огромен дел од земјата.

По руските напади врз електричните постројки Киев и четирите региони можеби ќе треба да го прекинат снабдувањето со електрична енергија подолго од планираното, изјави вчера висок украински функционер.

Зеленски кажа дека Русија досега извршила повеќе од осум илјади воздушни напади и истрелала 4.500 проектили.

OhridNews