Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, денеска во Охрид, организира советување за градоначалниците и општинската администрација за имплементирање на најновите законски решенија во областа на урбанизмот и комуналните работи.

Станува збор за Закон за градежно земјиште, Законот за третман на бесправно изградените градби, Законот за градба и Законот за гробишта и погребални услуги. Сите закони, еден по еден, до 20 часот вечерта, во четири сесии, детално ќе бидат образложувани од страна на претставници од Министерството за транспорт и врски, пред градоначалниците и надлежната локална админситрација од областа на урбанизмот и комуналните дејности.

OhridNews