Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во охридско-струшкото епицентрално подрачје.

Земјотресот е регистриран во 5:40 часот.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар – EMSC го лоцира потресот во пограничното подрачје со Албанија, 14 километри источно од Поградец, на длабочина од околу 10 километри. До утрово EMSC има регистрирано повеќе десетици пријави од граѓани дека го почувствувале потресот.

Засега нема информации за повредени и материјална штета.

Г.М.