Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван е вечерва во 19:50 часот во Охрид и околните населени места.

Земјотресот бил со епицентар на 87 километри југоисточно од Елбасан, на 9 километри од Корча, Република Албанија.

Нешто подоцна регистриран  е уште еден потрес во истото сезимичко подрачје со јачина од 3 степени.

Г.М.