Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и одлуката на Советот на општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца, се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека денес, 10-ти јули, понеделник, ќе се спроведе теристичка ( од земја ) дезинсекција, со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 05.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запраување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водни површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на  пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во општина Дебрца е 046/286 855.

OhridNews