Четвртата конференција во рамките на Дримскиот процес и ГЕФ Дримскиот Проект ќе се одржи наредните два дена во Приштина. Повеќе од 100 преставници на различни институции, министерства, меѓународни и регионални институции ќе бидат  присутни на настанот кој значи заедничко согледување на активностите во дримскиот процес. Воедно со овој настан се одбележуваат и 5 години од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дрим и една година од иницијацијата на ГЕФ Дримскиот Проект. Конференцијата е организирана заедно со 3-тиот состанок на состанок на Експертските работни групи кој се одржува на денес и 12 состанок на Дрим Кор групата што ќе се одржи на15-ти декември.

– На сите работни средби и на конференцијата се очекува да се изрши согледување на развојот на процесот во последната година околу управувањето со Дримскиот Басен. Ќе бидат разгледани и активностите околу подготовка на Менаџмент планот за Дримскиот Басен и можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја на ниво на суб басени, информира Дејан Пановски, координатор на ГЕФ Дримскиот Проект за Македонија.

Инаку во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект веќе се работат мониторингот за квалитетот на водите во сливот, социоекономски анализи на сливот, како и тематски извештаи за состојбите со биодиверзитетот, загадувањето и хидрологијата на Дримскиот Басен. Сето тоа ќе биде во рамки на главниот документ на првата фаза на Проектот: Прекуграничната Дијагностичка анализа на Дримскиот Басен која ќе биде пропратена со изготвен Стратешки акционен План.

OhridNews