
–Идејата е пред се на просторот на поранешна Југослација да направиме асоцијација која ќе ги обединува сите асоцијации кои се занимаваат со туризам, не само агенции, туку и хотелиери, авиопревозници и другите субјекти кои придонесуваат кон креирање на квалитетен туристички производ и што е уште поважно за пласман на тој производ, како внатре помеѓу членките, така и кон трети земји, изјави претседателот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија – YUTA, Радисав Станковиќ, инаку предлагач на иницијативата за формирање на „ИСТА“.
Миле Спировски од Комората за туризам на Македонија објасни дека иницијативата покрај од нашата земја засега е прифатена од Србија и од Хрватска, а конкретен интерес има и од Словенија, Црна Гора и Албанија.
– Главна цел на „ИСТА“е создавање на Балкански туристички производ и истиот да го понудиме на пазарот во Кина, Австралија, Индија и САД. Можеби ова некому сега ќе му звучи смешно, но туристите од овие земји не бараат одмор само на едно место туку Балканска тура од 8-12 дена, а тоа не може да го даде само Охрид или Дубровник, туку целиот регион.-истакна Спировски.
Состанокот во Струга е трет во рамки на иницијативата за формирање на ISTA, на која земјите од регионот работат веќе две години. Следниот состанок ќе се одржи во Словенија.
OhridNews











