Земјоделците кои го регистрирале своето производство и немаат давачки кон државата, можат да ги поднесуваат барањата за субвенции до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Поднесувањето на апликациите започна пред десетина дена, а крајниот рок за пријавување е 31 мај 2014 година. Барањата се поднесуваат во подрачната единица, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
За да користи субвенции, земјоделецот мора да ги има платено сите долгови кон Државата заклучно со 2013-та година.
Годинава за земјоделството се предвидени 140 милиони евра од кои за директната финансиска поддршка, ќе бидат наменети 115 милиони.
OhridNews