Денеска во охридското село Волино започна спроведување на едукативна кампања од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Земјоделците од ова село се информираа за правилната употреба на пестицидите и минералните ѓубрива, како и за водење задолжителна евиденција за извршените активности за заштита на посевите.

Од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството велат дека употребата на органски и минерални ѓубрива е ефективно средство за управување со плодноста на почвата и производство на земјоделски култури.

Сите прекумерни и неагрономски средства мора да се избегнуваат, во спротивно ѓубрењето може да предизвика загуби не само за земјоделецот, туку и за околината.“ – вели Билјана Ѓорческа, советник за организација во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството Р.Е. Охрид.

На средбата беше потенцирано дека охридските земјоделци треба да бидат известени за мерките соддржани во Програмата за рурален развој, односно набавка на трактор и приклучни машини во земјоделството

Во текот на вчерашниот ден, ваква средба се оддржа и со земјоделците од Косел и Лескоец.

OhridNews