Охриѓани денеска во 12 часот и 17 минути почувствуваа силен земјотрес. Според првичните информации земјотресот бил со интензитет од 4,5 степени според Рихтер, а епицентарот на потресот бил на околу 20 килиметри од Кичево, на длабочина од околу 10 километри.

Освен во Охрид земјотресот бил почувствуван во регионот Општина Дебрца, Струга и Кичево.

Охриѓани кои живеат на повисоките катови во станбените згради велат дека потресот бил навистина силен и дека ова е еден од насилните земјотреси што во последниот период биле почуствувани во Охрид.

OhridNews