Земјотрес со јачина од 3.1 степен според Рихтер, беше почувствуван вечерва во Охрид девет минути по полноќ.
Според првичните информации, земјотресот бил во охридското епицентрално подрачје.
Серијата земјотреси кои ова лето го тресат Охрид започна на 18 јуни. До сега се регистрирани над 1200 потреси. Најсилниот се случи на 3-ти јули и беше со интензитет од 5 степени според Рихтер.
OhridNews












