Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер е почувствуван денеска во 14.59 часот во регионот на Охрид. Епицентарот на земјотресот е на 20 километри североисточно од Охрид, во околината на Белчишта.

Земјотресот кој траеше неколку секунди ги вознемири охриѓани. 
Покрај овој, регистрирани биле уште два помали потреси со јачина од 2,8, односно 2,3 степени според Рихтер.
Пред околу еден месец серија земјотреси беа регистрирани во истото подрачје со епицентар на Илинска планина, при што беа оштетени поголем број објекти во повеќе села во општина Дебрца.


OhridNews