Земјотрес со јачина од три до четири степени, според Европската макросеизмичка скала денеска беше почувствуван во охридскиот регион.

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици земјотресот го регистрирале во 12.06 часот.

Земјотресот бил со епицентар 130 км југозападно од Скопје, во охридскиот регион.

OhridNews