Послаб земјотрес, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот и 29 минути во Тетово и Дебар, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот е лоциран на 110 километри западно од Скопје, во соседна Албанија.
извор: Makfaks












