Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, денес, регистрирани се земјотреси во соседна Албанија, кои се почуствувани и во Македонија. Првиот со јачина од 3.3 степени е регистриран во 7.20 часот на 31 километри источно од Тирана, а вториот со јачина од 4.9 степени во 7.26 часот.

Земјотреси се регистрирани и во Хрватска и Словенија.

Во Хрватска регистриран е земјотрес во 7.54 часот со јачина од 3 степени, на 41 километри источно од Сплит. Утрово два земјотреси се регистрирани и во Словенија. Во 8.52 часот на 7 километри од местото Брежице во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 4.8 степени, а во 9.08 часот земјотрес со јачина од 3.5 степени на 13 километри јужно од Кршко.

OhridNews