Земјотресот во Јапонија ја поместил оската на ротација на планетата Земја за околу 10 сантиметри, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија.
Оттаму посочуваат дека ова поместување е многу поголемо отколку кога се случи земјотресот на Суматра во 2004 година, кој исто така предизвика разорни цунами бранови кои усмртија околу 300.000 луѓе.












