Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Европската макросеизмичка скала вечерва во 22:05 часот го погоди регионот на Призрен, Косово. Земјотресот бил со епицентар на 12 километри југоисточно од Призрен на длабочина од 5 километри.

Земјотресот е почувствуван во Македонија, најсилно во Скопје, Тетово и Гостивар, а со послаб интензитет и во останатите наслени места во западниот дел од земјата, вклучително и Охрид.

Засега нема информации за евентуални штети и други последици од земјотресот во Косово.

OhridNews