Фудбалерите на Зенит го освоија трофејот во Купот на Русија. Во финалето тие го победија Химки со 1:0, со голот на Артем Џуба од пенал во 84 минута. Зенит претходно ја освои и титулата во шампионатот на Русија.

Финалниот меч го засени она што се случуваше во текот на доделувањето на пехарот. Капитенот на Зенит Бранислав Ивановиќ ја доби честа прв да го подигне пехарот, малку се занесе во славењето и го искрши трофејот, не целиот туку само капакот на стаклениот пехар.

Пред да го стави Зенит трофејот во клупските витрини тој ќе мора да оди на поправка.

OhridNews