Синоќа, во 18 часот, со палење на василичарскиот оган на сред село започна традиционалниот маскенбал во селото Куратица.
Еден час подоцна василичарската група, предводена од зет, невеста, бајач, тргна во посета на куќите.

Денес, програмата ќе започне во 10 часот со припрема на традиционалното јадење варејнца. Во 17 часот се очекува да започне централната манифестација, при што ќе се врши и оценување на маските. Свој настап ќе имаат неколку фолклорни групи, како и групата Маестрал и Татјана Лазаревска. Главното дефиле на маските е предвидено во 20 часот.

OhridNews