Мостот на желбите кој ги поврзува жителите од населбата Канео со центарот на Охрид, веќе подолг период,  навечер е во мрак. Мештаните се жалат дека тоа им  создава проблеми и дека не можат слободно да се движат, бидејќи на мостот свети едвај по некоја светилка.


Овој премин беше ставен во употреба минатата година, на иницијатива на концесионерите на плажата „Потпеш“, а со поддршка на фондацијата „Рамковски“.

OhridNews