Бројот на азиски тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска е зголемен во 13 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Грција, што доведе до зголемување на бројот на заболени, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Центарот предупреди дека меѓународните патувања дополнително ќе го зголемат ризикот од ширење на епидемијата во Европа, објави Би-Би-Си.
OhridNews











