Топлотните бранови честопати може да предизвикаат здравствени проблеми, особено кај постарите лица и хронично болните. Тие предизвикуваат поголемо оптоварување на човечкиот организам и се особено стресни за наведените групи. Секое лето милиони луѓе се експонирани на екстремно високи температури, а дополнителен предизвик е што и ова лето го живееме во пандемија од Ковид-19.

Во последните денови бројот на повици до итната медицинска помош во Охрид е зголемен од пациенти кои се јавуваат со здравствени последици со тегобо предизвикани од топлото време, вели Д-р Љупка Николоска. Таа апелираше многу да се внимава во овие периоди.

Во овие денови е многу важно да се внимава и да се избегнува излегување надвор во најтоплиот период од денот, од 11-17 часот, особено повозрасните лица и хронично болните  како ризични категории, а хронично болните редовно да ја примаат својата терапија.Да се внесуваат повеќе течности, да се носи соодветнс заштита од сонце и да се почитуваат заштитните мерки во поглед на корона вирусот. Исто така треба да се внимава, повеќе и во сообраќајот бидејќи може да дојде до попречување на можноста за внимание како последица од топлото време, вели Д-р Николоска.

Најчести симптоми на топлотен удар кога луѓето треба да побараат медицинска помош се: зголемена телесна температура, дехидрација, попречување на можноста за внимание, вели Д-р Николоска. Зголемената телесна температура е и еден од главните симптоми дека лице е заразено со Ковид-19. Но, заради физичка работа или изложување на топло, исто така може да се зголеми телесната температура и да предизвика заблуда кај луѓето.

Намален е бројот на повици и паника заради покачена телесна температура во однос на изминатиот период. Луѓето сега се поопуштија, но сепак со оглед на ситуацијата секоја температура треба да се следи, вели Д-р.Николоска.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека, за да се разликува причината за  покачена температура на телото,се препорачува да се одреди телесна температура по 30 минути одмор во ладна средина и по отстранувањето на особено заштитна или изолациска облека.Доколку се забележува пад на температурата, а лицето се чувствува подобро, веројатно е дека температурата е поврзана со топлотен удар. Во овој случај поединецот треба да е одморен и хидриран.

Од Институтот за Јавно здравје споделуваат и неколку совети за време на топлотните бранови, како употреба на елек за ладење заедно со ладни пијалоци или каша од мраз што ќе ја намалуватоплината во телото. Надворешното навлажнување на кожата е исто така  ефикасно за одржување на пониска температура, и како препорака останува пиењето на доволно течности за да се одржи потребното ниво на хидратација за да не се наруши потењето. Пиењето ладни течности помага да се намали зачувувањето на топлината на телото и како резултат на температурата на јадрото на телото.

                                                                                                                                                     Кристина.А