Во Охрид расте бројот на новозаразени од Ковид 19.  Од 1 до 5 јануари годинава вкупно се пријавени 120 Ковид пациенти во Мој термин, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Предновогодишните и новогодишните прослави со многу луѓе без почитување на дистанца и носење маски, гушкање се причина за зголемиот број на позитивни, вели епидемиологот Прим.м-р сци.д-р Јованка Стурлакова Коровешовска.

Во однос на симптоматологијата вели иста е и кај болен од сезонски грип и од Ковид 19. Ако пациентот на тестирање за Ковид e негативен се регистрира како заболен од сезонски грип.

Пациенти со кои OhridNews стапи во контакт велат дека многу тешко се доаѓа до термин за тестирање преку матичен доктор, на што епидемиолог Стурлакова Коровешовска со одговор дека се пуштени и дополнителни термини.

Секој кој има симптоми на корона инфекција или имал контакт со позитивен на Ковид се тестира. Поради многуте контакти меѓу луѓето во предходната седмица се зголеми потребата од повеќе тестирања. Пуштени се и дополните термини за тестирање преку матичен лекар, додава Стурлакова Коровешовска.

Министерството за здравство, пак, вчера информираше дека и во Охрид е детектиран Омикрон сојот кај 10 пациенти.

Н.С.Ј.