Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2013 година изнесува 25 599, а бројот на ноќевањата изнесува 58 323.

Бројот на туристите во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, е зголемен за 8.7%, а бројот  на ноќевањата е зголемен за 10.3%. При тоа, се белеЃи зголемување и на домашните и на странските туристи.

Во периодот јануари- февруари 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2%, а кај странските има намалување за 1.5%.

OhridNews