
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 111, односно 53,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 43 или 20,9 отсто за нискоградба и 52 (25,2 отсто) за објекти за реконструкција. На 115 од објектите (55,8 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 или 44,2 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите изнесува 3,616 милијарди денари што е за 299,8 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
OhridNews











