Во Националната Установа – Библиотека Григор Прличев – Охрид, во последните два месеци, набавени се доволен број на книги, односно лектирни изданија. Со ова, им се излегува во пресрет на барањето на учениците и за сите нив обезбеден е потребниот број на лектира. Со набавката на лектирните изданија се решава долгогодишниот проблем, а учениците не мора веќе потребните книги да ги бараат на други места.

Директорката на оваа Национална Установа, Александра Белеска, рече дека книжевниот фонд секојдневно се зголемува.

-Набавени се најнови наслови кои ги нудат издавачаките куќи во Македонија. Збогатување на книжевниот фонд е финаниски подржан од Министерство за култура, кистакна Белеска.

Вака збогатениот фонд на книги, предизвикува и поголема заинтересираност кај охриѓани. Според Белеска, најмногу се бара белетристика како и стручна литература.

-Книгите се чуваат во добри услови, пропишани со нормите во библиотекарството. Посебно внимание им се посветува на книгите кои спаѓаат во редок книжевен фонд. Вака скапоцените изданија, единствено можат да се читаат во самата библиотека, додава таа.

Членарината во градската библиотека изнесува 300 денари и може да се плати на 2 рати. Со цел да им се помогне на најзагрозените, во библиотеката одлучиле дека самохраните родители, социјално загрозените лица и оние кои се без работа, да бидат ослободени од плаќањето  надоместок.

О.Т.