Според најновите податоци на министерството за транспорт и врски , во месец декември 2011 година на аеродромите во Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2010 година. Имено, во овој месец од двата аеродрома – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 63.925 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 54.678 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници за 16,9%.
 
Порастот најмногу ќе се должи на зголемениот број на патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде во декември 2011 година се регистрирани 61.504 патници што во однос на истиот месец минатата година кога биле регистрирани 50.635 патници претставува зголемување за 21.5%. Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на операции на воздухоплови на редовни линии за 20.7%, односно 717 операции на воздухоплови на редовни линии во декември 2011, во однос на 594 кои биле реализирани истиот период минатата година.

OhridNews