Во текот на месец април забележан е најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава, информираат од министерството за транспорт.
На двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 76.653 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 12.3% во однос на истиот месец минатата година.
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле регистрирани 2.272 патници, а на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во текот на април 2013 година биле регистрирани вкупно 74,381 патник.
Како што потенцираат од министерството, зголемувањето на бројот на патниците се должи на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија и имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај со што се овозможија нови директни летови до голем број дестинации по поволни цени за патниците.












