Имено, во месец септември од двата аеродроми во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 82.641 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 65.878 патници, што претставува зголемување за 25.4% во однос на 2010 година.
Во месец октомври од двата аеродроми во Република Македонија се превезени вкупно 74.703 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 62.876, што претставува зголемување за 18.8% во однос на 2010 година.