Како што информираат од министерството за транспорт и врски, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ , во јуни, јули и август 2011 вкупниот број на патници изнесува 39.262 , што е зголемување за 93.73% во однос на истиот период минатата година кога на овој аеродром биле регистрирани 19.928 патници. На охридскиот аеродром се бележи и зголемување на бројот на операции на воздухоплови за 63.93% во летниот период 2011 година, споредено со истиот период минатата година.
Зголемување на бројот на превезени патници е евидентиран и на скопскиот аеродром. Според податоците на надлежното министерство, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во летниот период оваа година се регистрирани 254.351 патник, што споредено со истиот месец минатата година, кога биле регистрирани 236.011 патници, претставува зголемување за 7.83%.
Најголем пораст на бројот на превезени патници е забележан во јули 2011 година, кога од двата аеродрома се превезени вкупно 113.010 патници што претставува пораст од 17.4% во однос на истиот месец 2010 година, кога биле превезени 96.271 патници.
Обуката на 364 кандидати за пожарникари кои се пријавиле на Јавниот оглас што го распиша Владата, започна денеска Меѓу нив 12 од Охрид Вкупно се пријавиле 18 кандидати за пожарникари во Охрид, но 4...
Оваа мерка е дел од програмата на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот и покажува сериозен напор за намалување на критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM25, ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.