Зголемен бројот на патници на охридскиот и скопскиот аеродром
19.07.12 08:04
Во првите шест месеци од 2012 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2011 година.
Како што информираат од Министертвото за транспорт и врски, во првите шест месеци од 2012, од двата патнички аеродроми во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 400.188 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 337.888 патници што претставува пораст од 18.4 %.
Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 8.0%, односно 3.766 редовни линии во првите шест месеци од 2012 во однос на 3.487 кои биле реализирани истиот период минатата година.
По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, континтинуирано се забележува раст на бројот на патници и летови, велат од Транспорт и врски.
Денеска во 01:40 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување при МВР, од слобода лишија 21 годишно лице од Скопје При контрола во пат...
49-годишно лице од село Волино вчера се удавилo во водите на Охридско Езеро во близина на Струга, информираат од СВР Охрид Во 16:30 минути во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.