Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат “несреќните случаи” со 64.7%, “самоубиствата” со 29.5% и “убиствата” со 5.8%.
Во категоријата “несреќните случаи” на прво место се умрените лица од “други надворешни причини за случајна повреда” со учество од 28.9% во однос на вкупната насилна смрт. На второ место се умрените во “транспортни несреќи” со учество од 17.3% во однос на вкупно умрените од насилната смрт, додека на трето место се умрените лица од “други несреќи при сувоземен транспорт” со застапеност од 12.5% итн.
Кај категоријата “самоубиства” на прво место се случаите кај кои што смртта настапила поради “бесење странгулација и суфокација” со учество од 15.9%, а кај категоријата “убиства” најголемо учество се случаите од “обид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје” 2.6% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.