Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2011 година изнесува 27 155, а бројот на ноќевањата изнесува 63 351.
Бројот на туристите во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е зголемен за 4.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%.
Бројот на домашните туристи во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е намален за 6.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 14.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е намален за 8.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 19.5%.
Во периодот јануари-февруари 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.7%, а кај странските има зголемување за 14.8%.
Во периодот јануари-февруари 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9.5%, а кај странските има зголемување за 15.0%.
OhridNews