Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2013 година изнесува 33 679, а бројот на ноќевањата  69 024.
Бројот на туристите во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е зголемен за 7.3%, а бројот на ноќевањата  за 9.1%.

Во овој период евидентирано е намалување на домашните, а зголемување на странските туристи и тоа за 21.0%.

Во периодот јануари- декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 13.8%.

OhridNews