Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012/2013 година, вкупниот број на ученици-студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови изнесува 8.134 што претставува зголемување за 2.0% во однос на 2011/2012 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 235 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 38 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

OhridNews