Според Државниот завод за статистика на Република Македонија, бројот на туристи во октомври 2011 година, е зголемен за 17 % во однос на истиот месец во 2010 година. Зголемување е забележано и кај бројот на ноќевањата, кои порснале за 24,1%.

Статистичките податоци говорат дека бројот на странски туристи кои ја посетиле државава е зголемен дури за 35, 2%,  а бројот на домашни бележи намалување за 5,8%.

Државниот завод за статистика, во октомври регистрирал вкупно 49. 379 туристи и 119.198 остварени ноќевања. Истиот месец ноќевањата на домашни туристи во однос на 2010 година, биле зголемен за 6,1%, а бројот на ноќевања на странските туристи за за 41,2%.

Во првите десец месеци од  2011 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 11,4%. Кај странските има зголемување за 26,9%, а кај домашните туристи евидентирано е намалување за 0,6%.

OhridNews