Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2012 година изнесува 40 700, а бројот на ноќевањата изнесува 85 197.

Бројот на туристите во април 2012 година, во однос на април 2011 година, е зголемен за 9.6%, а бројот на ноќевањата е намален за 2.5%. Бројот на домашните туристи во април 2012 година, во однос на април 2011 година, е зголемен за 1.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 14.4%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2012 година, во однос на април 2011 година, е намален за 9.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.1%.
 
Во периодот јануари-април 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.7%, а кај странските има
зголемување за 8.5%.

Во периодот јануари-април 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.9%, а кај странските има зголемување за 2.3%.

OhridNews