Бројот на туристите во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е зголемен за 4,2%, а бројот на ноќевањата  е зголемен за 1,5%, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.  Податоците покажуваат дека бројот на туристите во јуни 2014 година изнесува 70.673, а бројот на ноќевањата изнесува 170.898.

Дека странците се повеќе се присутни во Македонија, покажува и фактот дека во овој период бројот на странски туристи во земјава пораснал за 11,2%. Но, од друга страна бројот на домашните туристи во јуни се намалил за 10,9%.

На годишно ниво, бројот на туристите е зголемен за 6,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2%, а кај странските има зголемување  за 6,5%.

Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,4%, а кај странските има зголемување за 6,8%.

OhridNews