Бројот на домашните туристи во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е зголемен за 3.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 3.3%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е зголемен за 14.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9.4%.
Во периодот јануари- септември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 2.0% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 2.8%, а кај странските е забележано намалување за 0.9%.
Во периодот јануари- септември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 4.7% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 4.4%, а кај странските е забележано намалување за 5.6%.