Откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2015 година се зголемени за 7,9 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,4 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 1,2 отсто.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци и млекото.
Според податоците од Државниот завод за статистика, месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во октомври и декември, додека во ноември е забележано опаѓање.
OhridNews