Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 50.4%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е зголемена за 6.1%.
Зголемување на вредноста на вкупниот откуп и на продажбата е забележено кај индустриските и градинарските растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и млечните производи, додека намалување е забележано кај житата, фуражните растенија, добитокот и рибата.