
Во периодот јануари-јули 2015 година, прометот во индустријата во однос на јануари-јули 2014-та пораснал за 8,3 отсто.
На домашниот пазар прометот во индустријата во јули 2015 во однос на јули 2014-та бележи пораст од 2,7 отсто, а на странските пазари за 6,3 проценти. По сектори, прометот во Рударство и вадење камен е зголемен за 1,2 отсто, додека во Преработувачка индустрија за 5,6 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Енергија за 378,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8, Капитални производи за 23,4 и Трајни производи за широка потрошувачка за 9,4, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 проценти.
OhridNews











