Координативното тело за заштита од пожари апелира граѓаните да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите, а земјоделците да не ги палат стрништата бидејќи тоа е забрането со закон.
Казната за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната без посебно одобрение од корисникот или сопственикот на шумата се движи од 2 до 3 илјади евра. Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра.
Според Законот за ловство казната за палење на стрниште,плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казните за сторениот прекршок,сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.
Возачите и патниците се предупредуваат да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари за да не се предизвикаат пожари долж патните линии.
Граѓаните можат да пријават пожар или опасност од пожар на бесплатниот телефон за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи, на бројот 193, како и на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми“.
извор: „Макфакс“