Согласно податоците од Државниот завод за статистика за бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2010 година, забележана е зголемена стапка на раст во делот на градежништвото, во споредба со истиот период минатата година. Имено, стапката на раст на бруто-домашниот производ според произведниот метод во сегментот на градежништвото, според соопштението од Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2010 година изнесува 18.4%, а во истиот период во 2009 година изнесувала 2.5%.
Министерството за транспорт и врски го поздравува трендот на раст во градежништвото како еден значаен сегмент за овозможување на раст и на останатите економски сектори и континуирано, преку преземање на мерки за поттикнување на овој сектор овозможува дополнителен развој на градежната дејност.
Во изминатиот период, преку предложување на измени во законската регулатива од делот на градежништвото и урбанизмот се овозможи воспоставување на ред во оваа област, а преку управувањето со градежното неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, се овозможува инвестирање во изградбата на нови објекти, меѓу кои и станбени, деловни, комерцијални, индустриски и здравствени објекти.
Во делот на лиценцирање на градежните компании, заклучно со 23.12.2010 година, издадени се вкупно 2134 лиценци, од кои: 853 лиценци за изведувач, 428 за надзор, 731 за проектирање и 122 лиценци за ревизија во градежништвото. Со издавањето на лиценците се врши регулација и стандардизирање на учесниците во градежниот пазар во Република Македонија, со што се придонесува истите да станат поконкуренти и да се овозможи дополнителен раст во областа на градежништвото.
Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да опер...
Мозочниот удар претставува прва причина за тежок и долготраен инвалидитет и втора причина за смртност во нашата држава Статистиката за 2025 година за Охрид говори дека се регистрирани 191 мозочен у...
Во рамките на програмата за одбележување на „Месецот на книгата“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид најавува уште три културни настани, кои ќе се одржат од 2 до 4 ноември, а ќе бидат посветени...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.