Во текот на минатата година на подрачјето на Општина Охрид евидентирано е зголемување на стапката на смртност. Според извештајот за морталитет на Државниот завод за статистика, во текот на 2012 година, починале вкупно 604 охриѓани, што е за 15 лица повеќе од 2011 година кога биле евидентирани 589 починати. Споредено со 2010 година кога се евидентирани 536 починати, може да се каже дека само за две години бројката на охриѓани кои го изгубиле животот се зголемила дури за 68 лица.
Статистичките показатели говорат дека од вкупниот број на починати во текот на минатата година, 324 биле од машки, а 280 од женски пол. Причината за смрт на најголемиот дел од нив биле Кардиоваскуларните заболувања, од кои во 2012 година починало 381 лице. Статистичките показатели говорат дека не е мала бројката и на починати од неоплазми или карциномни заболувања, од кои смртно настрадале 115 наши сограѓани.
Според податоците во статистичкиот извештај, вкупно 459 охриѓани кои починале во текот на 2012 година биле на возраст од над 65 години. На возраст од 45 до 64 години се евидентирани вкупно 124 починати лица, додека пак 15 охриѓани го загубиле животот на возраст од 25 до 44 години.
OhridNews