Статистичките показатели говорат дека од вкупниот број на починати во текот на минатата година, 313 биле од машки, а 276 од женски пол. Од вкупната бројка на починати, дури 560 се лекувале пред смртта, а 254 од нив починале во болница.
На подрачјето на Општина Дебрца исто така е забележано благо зголемување на стапката на смртност, така што во текот на 2011 година починале 129 лица, што е за 13 лица повеќе од 2010 година, кога биле евидентирани 116 починати.
Инаку според податоците на Државниот завод за статистика, на ниво на Република Македонија, бројот на умрени лица е зголемен за 1, 8% во однос на претходната година и изнесува вкупно 19.465 починати. Поголемиот број на починати се од машки пол и тоа 10.204 или 52,4% од вкупниот број на починати. Бројот на починати доенчиња изнесува 172 и нивното учество во вкупниот број на починати лица изнесува 0,9%.
Просечната возраст на починатите од машки пол изнесува 69,9 години, а 74,4 години изнесува просекот на лицата од женски пол, што е за 4,5 години повисока просечна возраст на умрените женски лица.
Како и во минатите години, најголемиот број на починати лица, имале проблеми со болести на циркулаторниот систем и тоа во 59,2% случаи од вкупно починатите. Од болести поврзани со неоплазми починале 18,2% , а од ендокрините, нутритивните и метаболичните болести 3,9%. Со 3,8% застапени се смртните случаи, кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем.